Данела направи петта смена на директор во Комуналнa: Новиот го поддржува УЧК, им ги чкрта лицата на Стево и Гордана, бојкотира „Кам“ и „Стокомак“
Повторно сменет директорот на скопското Комунално претпријатие, дознава „Скопје1“. Според неофицијални информации, досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи. „Скопје1“ праша во Град Скопје, дали и зошто е направена петта промена на директор, но до овој момент не доби одговор.
Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.
Од споделувањата, јасно е дека се гордее со УЧК и командантот Талат Џафери.